Heathrow Airport is one of the few places in England you can be sure of seeing a gun. These guns are carried by policemen in short-sleeved shirts and black flak-jackets, alert for terrorists about to blow up Tie-Rack. They are unlikely to confront me directly, but if they do I shall tell them the truth. I shall state my business. I’m planning to stop at Heathrow Airport until I see someone I know. (...)
Astonishingly, I wait for thirty-nine minutes and don’t see one person I know. Not one, and no-one knows me. I’m as anonymous as the drivers with their universal name-cards (some surnames I know), except the drivers are better dressed. Since the kids, whatever I wear looks like pyjamas. Coats, shirts, T-shirts, jeans, suits; like slept-in pyjamas. (...)
I hear myself thinking about all the people I know who have let me down by not leaving early on a Tuesday morning for glamorous European destinations. My former colleagues from the insurance office must still be stuck at their desks, like I always said they would be, when I was stuck there too, wasting my time and unable to settle while Ally moved steadily onward, getting her PhD and her first research fellowship at Reading University, her first promotion.
Our more recent grown-up friends, who have serious jobs and who therefore I half expect to be seeing any moment now, tell me that home-making is a perfectly decent occupation for a man, courageous even, yes, manly to stay at home with the kids. These friends of ours are primarily Ally’s friends. I don’t seem to know anyone anymore, and away from the children and the overhead planes, hearing myself think, I hear the thoughts of a whinger. This is not what I had been hoping to hear.
I start crying, not grimacing or sobbing, just big silent tears rolling down my cheeks. I don’t want anyone I know to see me crying, because I’m not the kind of person who cracks up at Heathrow airport some nothing Tuesday morning. I manage our house impeccably, like a business. It’s a serious job. I have spreadsheets to monitor the hoover-bag situation and colour-coded print-outs about the ethical consequences of nappies. I am not myself this morning. I don’t know who I am. | Аеродромот Хитроу е едно од неколкуте места во Англија, каде што со сигурност ќе видите пиштол. Пиштолите ги носат полицајци во маици на кратки ракави и црни панцири, кои со будно око бараат терористи подготвени да ја кренат во воздух продавницата „Тај-Рак“. Малку е веројатно дека ќе се соочат директно со мене, но доколку го сторат тоа, ќе им ја кажам вистината. Ќе им кажам што работам. Планирам да останам на аеродромот Хитроу сè додека не наидам на некој познат. (...) Зачудувачки, но чекам веќе триесет и девет минути и не гледам никого што познавам. Ниту еден, и никој не ме познава мене. Анонимен сум исто како и возачите со нивните стандардни картички со имиња (некои од презимињата ги знам), освен што возачите се подобро облечени. Откако имам деца, сè што ќе облечам, личи на пижами: палта, маици, фармерки, костими; како пижами во кои сум преспал. (...) Се слушам себеси како размислувам за сите познаници кои ме изневерија, кои не заминале рано наутро во вторник кон некоја гламурозна дестинација во Европа. Моите бивши колеги од осигурителната компанија се сигурно сè уште приковани на нивните работни маси како што отсекогаш и велев дека ќе бидат, кога и јас бев прикован таму, губејќи го своето време и не можејќи да се скрасам, додека Али одеше сигурно напред, стекнувајќи се со титула доктор на науки и со својата прва истражувачка стипендија на Универзитетот Рединг, нејзиното прво унапредување. Нашите најнови пријатели кои се возрасни луѓе со сериозни вработувања, токму и затоа делумно очекувам половината од нив да ги видам секој момент, ми велат дека водење домаќинство е совршено пристојно занимање за маж, дека е смело и, да, дури е машки да се остане дома со децата. Овие наши пријатели се претежно пријатели на Али. Се чини дека не познавам повеќе никого, и далеку од децата и авионите кои ми надлетуваат над главата, се слушам себеси како размислувам, слушам мисли на еден плачко. Не се надевав дека ќе го слушнам тоа. Почнувам да плачам, нема гримаси или липање, само големи, нечујни солзи се тркалаат по моите образи. Не сакам да ме види дека плачам никој што го познавам, бидејќи не сум од оние кои за ништо ќе доживеат нервен слом на аеродромот Хитроу во некое вторничко утро. Јас го водам беспрекорно нашиот дом, како фирма. Тоа е сериозна работа. Имам табели за следење на состојбата на ќесата во правосмукалката и испечатени кодови во боја за етичките последици од носење пелени. Утрово, ова не сум јас. Не знам кој сум. |